Дома Фудбал Англија Нови проблеми за Тен Хаг: Уште двајца фудбалери на листата повредени

Нови проблеми за Тен Хаг: Уште двајца фудбалери на листата повредени

Данскиот фудбалски репрезентативци и фудбалери на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд и Кристијан Ериксен заработиле повреди во првенствениот натпреар против Лутон, соопшти англискиот клуб.

Хојлунд го истегна мускулот на десната нога и се очекува да отсуства од теренот до крајот на месецот. Ериксен заработи повреда на левото рамо и првите проценки се дека ќе се врати на терен за еден месец.

Двајцата фудбалери нема да настапуваат за националната селекција на Данска во натпреварите против Словенија и Северна Ирска.

Покрај Ериксен и Хојлунд кои не се потешко повредени Тен Хаг не може да смета уште на: Касемиро, Тајлер, Маласија, Лук Шо, а до 2024 надвор од терените е и Лисандро Мартинез.

Следниот натпревар Јунајтед го игра на 26. ноември против Евертон и останува да се види кого ќе има Тен Хаг тогаш на располагање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус има нов голман

Бразилскиот фудбалски голман Норберто Нето потпиша договор со Јувентус кој важи до крајот …