Дома Фудбал Нови проблеми за Клоп: Вчера остана и без играчот за кого плати 60 милиони евра

Нови проблеми за Клоп: Вчера остана и без играчот за кого плати 60 милиони евра

Неверојатна криза со повреди го зафати Ливерпул, а после натпреварот со Лестер (3:0) ситуацијата помеѓу „црвените“ стана уште полоша.

Актуелниот шампион на Премиер лигата убедливо го победи лидерот на табелата иако играше без скоро цела одбрана. На сите проблеми во Ливерпул вчера во 53. минута останаа и без уште еден играч. Во таа минута играта ја напушти Наби Кеита, фудбалерот за кого Ливерпул пред две години плати 60 милиони евра.

Од тогаш Кеита одигра 68 натпревари и постигна седум голови. На последниот меч мораше да излезе рано затоа што го повреди коленото.

„Почувствува силна болка во коленото и не можеше да продолжи. Ќе направи детални прегледи и ќе знаеме за каква повреда се работи“, изјави Клоп по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ја фати топката, па си даде автогол: Скапа финта на голман во Аргентина (ВИДЕО)

Езекиел Бахер се обиде да измами со додавање од рака, но топката му заврши во сопствената …