Дома Фудбал Нови проблеми за Зидан, остана без уште еден дефанзивец

Нови проблеми за Зидан, остана без уште еден дефанзивец

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандез ќе пропушти четири натпревари поради повреда, пренесува „АС“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот фудбалер се здоби со мускулна повреда за време на мечот со Барселона и беше заменет уште во првото полувреме.

Ова е додатен проблем за Зидан бидејќи надвор од тимот се Карвахал и Одриазола исто така поради повреда.

Сега на местото десен бек ќе мора принудно да игра Лукас Васкез, а втората варијанта е Ферлан Менди, иако тоа не е природна позиција за двајцата.

Во следниот период „кралевите“ играат со Мехенгладбах и Интер и Лигата на шампиони, а во Примера со Хуеска и Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еквадор го промени капитенот среде Мундијалот

Енер Валенсија повеќе нема да биде првиот капитен на Еквадор во продолжението на Мундијало…