Диего Симеоне има големи проблеми со повредени играчи, а сега „болницата“ во Атлетико Мадрид се зголеми за уште еден фудбалер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот клуб потврди дека Диего Коста има повреда на десната нога и дека веќе ја запопнал рехабилитацијата.
30-годишниот напаѓач има изненадувачки слаба сезона и се уште не постигнал гол во Примера во досегашниот дел од сезоната (9 меча). Притоа, има само еден постигнат гол во Лигата на шампиони оваа сезона.
Симеоне има големи проблеми со повредени фудбалери пред дербито со Барселона кое на програмата е на 24-ти ноември.
Во моментов надвор од тимот се Диего Годин, Лука Ернандес, Хосе Хименес, Стефан Савиќ, Коке и Тома Лемар.