Дома Фудбал Нови проблеми во Германија: Цел тим на Динамо Дрезден во карантин!

Нови проблеми во Германија: Цел тим на Динамо Дрезден во карантин!

Германија следниот викенд ќе ја рестартира Бундеслигата, но денес пристигнуваат лоши вести кои можат да ја искомплицираат целата ситуација.

Имено, германскиот второлигаш Динамо Дрезен  објави дека целиот тим оди на 14-дневен карантин бидејќи има неколку фудбалери со позитивни тестови на корона.

Двете први лиги во Германија треба да стартуваат на 16 мај со мечеви без публика, а Динамо потврди дека нема да може да го игра мечот против Хановер.

„Играчите кои се заразени немаат симптоми на коронавирус. Во контакт сме со надлежните органир и ДФЛ за да знаеме што да правиме понатаму. Во наредните 14 дена не смееме да тренираме, ниту да играме натпревари“, истакан спортскиот директор на клубот, Ралф Минге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…