Дома Топ вести Нови правила во ПСЖ, Меси, Нејмар и Мбапе не смеат да користат телефони

Нови правила во ПСЖ, Меси, Нејмар и Мбапе не смеат да користат телефони

Новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие им забрани на најголемите ѕвезди на тимот, Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, како и на другите фудбалери да користат мобилни телефони за време на клупскиот појадок и ручек, објави португалски „Рекорд“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Галтие исто така наредил споменатата тројка да вечера со остатокот од тимот во тренинг кампот, освен во посебни прилики.

Мерките на новиот тренер значат и дека пристигнувањето на тренинг е меѓу 8:30 и 8:45 часот, а секој фудбалер кој доцни може слободно да се врати дома.

Фудбалерите на ПСЖ моментално се на турнеја во Јапонија каде го совладаа Кавасаки Фронтале со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Комо избори место во ЛШ, па Фабрегас веднаш му се јави на Перез

Фудбалерите на Комо на неверојатен начин се пласираа во Лигата на шампиони (ЛШ), каде што …