Одигра само 30 натпревари како стартер, последниот пат пред 258 дена…
Минатогодишниот трансфер на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед е една од најконтроверзните теми во Премиер лигата, но и европскиот фудбал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кога мистериозниот сајт „Фудбал Ликс“ ги објави деталите од договорот на Јунајтед и Санчез никој не можеше да претпостави колку таа приказна ќе стане безсмислена…Санчез на неделно ниво инкасира астрономски 500.000 евра само како плат, без многубројните бонуси кои драстично му ги зголемуваат примањата.
Во денот кога документацијата беше завршена уплатени му беше првата од двете рати како бонус за потписот кој изнесуваше вкупно 2.6 милиони евра. Тој засега доби половина од таа сума.
Година ипол после доаѓањето на „Олд Трафорд“ педантните Англичани пресметаа уште еден неверојатен податок – во понеделник на Санчез после новата уплата од 500.000 евра бројката на неговата заработка во Манчестер ќе ја помине бариерата од 36 милиони евра! По прецизно Санчез ќе дојде до заработка од 36.350.000 евра!
Толку верувале или не Манчестер Јунајтед потроши за човекот кој досега не одигра цел натпревар од натпреварот со Лестер на 10-ти август! Тоа беше пред 258 дена…Ако против Челзи игра од првата минута тогаќ е биде негов 31-ви старт во дресот на „црвените ѓаволи“ и ќе си добие бонус од 85.000 евра.
Оваа сезона постигна само еден гол и тоа во победата над Њукасл уште во октомври. Запиша три асистенции, последната беше исто така против Њукасл, но во јануари оваа година. Одигра само 798 минути во англиското првенство во кои упати 17 удари кон голот. Статистички гледано само 5.9% шанси за гол, што му е најслаб учинок во неговата досегашна кариера…