Дома Фудбал Италија Нови информации за продажбата на Интер: Ќе плати ли некој колку што бара семејството Жанг?

Нови информации за продажбата на Интер: Ќе плати ли некој колку што бара семејството Жанг?

Подолго време во медиумите се пишува за продажба на Интер, а сега вакви информации објави и познатиот „Фејнешнл Тајмс“.

Според нивните информации банката која Роман Абрамович ја ангажираше за продажбата на Челси заедно со Голдман Сакс добила наредба да најде нови газди на „нероаѕурите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно семејството Жанг од потенцијалните купувачи за Интер бара 1.2 милијарди евра и се шпекулира дека веќе се појавиле два фонда, еден од нив бил од Обединетите Арапски Емирати.

Засега останува да се види дали ќе пристигне конкретна понуда која ги задоволува апетите на газдите на италијанскиот гигант. Не е исклучена можноста и да се продадат само дел од акциите, па семејството Жанг да добие партнер во водењето на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…