Дома Фудбал Нови детали: Фудбалерот на Јувентус признал дека се обложувал

Нови детали: Фудбалерот на Јувентус признал дека се обложувал

Против фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли отворена е истрага за обложување на фудбалски натпревари, а според последните информациите 22-годишниот играч го признал делото.

Фаџоли е под истрага од торинскиот јавен обвинител дека се обложувал онлајн преку нелегални платформи, а ако неговата вина се потврди му се заканува и суспензија од терените до три години.

Денес италијанските медиуми пренесуваат дека Фаџоли им признал на истражителите, но истакнал дека тоа не го правел на нелегални платформи и никогаш не фклучувал тимови за кои играл.

Сепак, според правилото на фудбалерите, тренерите и членовите на стручните штабови им е забрането било какво обложување. Останува сега се види каков исход ќе има крајот на истрагата.

Ќе потсетиме, неодамна во Јувентус имаше и уште еден скандал откако се потврди позитивниот допинг тест на Пол Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико има шанса за врвот, но Симеоне гледа само кон Леванте

Победа над Леванте може да го искачи Атлетико на првото место во Ла Лига. За Диего Симеоне…