Дома Фудбал Германија “Новиот Филип Лам“ потпиша за Монако

“Новиот Филип Лам“ потпиша за Монако

Францускиот прволигаш Монако во последните години во светот на фудбалот е познат по добрите трансфер зделки.

Со таквиот тренд продолжија и во текот на овој трансфер период, а новото име во Монако е младиот Бенџамин Хенрикс, германски фудбалер кој инаку се смета како наследник на легендарниот Филип Лам.

Во Германија е етикетиран како еден од најголемите таленти, што и не чуди ако се земе во обзир дека со само 19 години дебитираше за селекцијата, а во Монако пристугнува од Леверкузен за 25 милиони евра.

„Хенрикс е талентиран десен бек кој има прилично национално и меѓународно искуство и сигурен сум дека ќе допринесе во натамошните успеси на нашиот тим.“ – изјави извршниот директор на Монако.

Хенрикс со Монако потпиша петгодишен договор, а дебито за новиот клуб би можел да го има веќе во недела во дербито против Олимпик Марсеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Одегард жестоко за стартот на Бернардо Силва: „За ова нема место на фудбалскиот терен“

Мартин Одегард не го криеше разочарувањето по дуелот со Бернардо Силва, откако фудбалерот …