Дома Фудбал Англија Новиот тренер на Челзи ќе живее во – тренинг центарот на клубот!

Новиот тренер на Челзи ќе живее во – тренинг центарот на клубот!

sari

Се појасно станува дека Маурицио Сари ќе биде новиот стратег на Челзи, останува само уште клубот да се договори со Конте на кој начин Италијанецот ќе биде отпуштен.

Според последните информации, Маурицио Сари во наредните неколку денови ќе стави потпис на договор со „сините“ кој ќе има важност две години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми денес пишуваат и дека поранешниот тренер на Наполи за почеток ќе биде сместен во луксузниот тренинг камп на клубот од Лондон.

Имено „The Sun“ пишува дека додека Сари не пронајде дом кој ќе му одговара и со цел да не троши премногу време на тоа ќе живее во луксузниот тренинг центар.

Треба да се спомене дека своевремено тука престојуваше Андре Виљаш Боаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Може да игра финале во Лигата на шампионите, а изгледа како – аматер! 📸

Борусија Дортмунд ја очекува финалето во Лигата на шампионите каде што ќе игра против Реал…