Бројни медиуми во Шпанија веќе неколку дена најавуваат дека празното место на клупата на Барселона ќе го заземе Ханси Флик, сагата со клупата на каталонците веќе е завршена и во секој момент се очекува и официјална потврда.
Имено, Флик вчера слета на аеродромот во Барселона и набрзо беше забележан од бројни медиуми во пресрет на вечерата што ја имаше со претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германскиот тренер на тој начин ги водеше последните разговори пред потпишувањето на договорот, кој, како што веќе соопштија бројни медиуми, ќе трае до 2026 година.
Официјална прес-конференција нема да има, пренесува Мундо Депортиво и додава дека изјавите на поранешниот тренер на Баерн клубот ќе ги пренесе преку официјалната веб-страница.
На клупата Флик ќе го наследи Чави Ернандез, кој уште еднаш ја покажа љубовта кон клубот простувајќи му дури 12 милиони евра кои го следеа во случај на отказ.
🔵🔴🇩🇪 Hansi Flick’s era at Barça has just started as he had dinner with Joan Laporta, Rafa Yuste and the board.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 28, 2024
Contract until June 2026 to be signed tomorrow, as reported.
🎥 @victor_nahe pic.twitter.com/MPN8ZUnx9n