Новиот стадион на Интер Мајами, тим кој од наредната сезона ќе игра во МЛС лигата ќе биде нешто спектакуларно, а и ништо помалку не може да се очекува ако се знае дека газда на тој тим е Дејвид Бекам.
„Фридом Парк“ во Мајами ќе биде дом на новата МЛС франшиза. Стадионот на Мајами ќе вреди 750 милиони фунти и на кровот ќе има палми и коктел бар.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Стадионот нема да биде спремен така брзо, планот е да се заврши некаде до 2022 година, значи две сезони откако Мајами ќе започне да игра натпревари.
Оваа франшиза ќе има два стадиони. Еден е во Форт Лаудердале на еден час од центарот на Мајами, а вториот овој кој ќе биде спектакуларен.