Новиот тренер на Челзи, е воодушевен од белгискиот репрезентативец.
Сари го презеде Челзи, а првите проблеми кои се јавија беа врзани за иднината на Азар, Вилијан и Куртоа. Овој последниот замина во Реал, а дали то крајот на преодниот рок, клубот ќе го напушти и вториот Белгиец?
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Недопустливо би било, Челзи да го продаде својот најдобар играч во момент кога преодниот рок за тимовите во Премиер лигата е завршен и кога тие не би можеле да доведат соодветна замена за таквиот играч.
Сари е воодушевен од Азар и тврди дека Белгиецот е елитен играч, како и тоа дека доколку додаде уште неколку погодоци на своето конто би можел да влезе во конкуренција со Роналдо и Меси. Исто така, тој е самоуверен дека Белгиецот ќе остане во тимот, како и тоа дека Челзи е великан, а великаните не би смееле самите себеси да си дозволат да го продадат најдобриот играч доколку веќе не нашле соодвена замена.
„Азар е технички сигурно еден од најдобрите во Европа. Мора да работи на физичката сила. Последните пет години, Роналдо играше како напаѓач, Меси играше како напаѓач, додека Еден играше повеќе како крило, тој може да напредува дополнително, но тоа исклучиво зависи од него, од неговиот ум, тој може да се спореди со Португалецот и Аргентинецот“, истакна Сари за својот најдобар играч.
Челзи нешто подоцна ќе го пречека Арсенал, во дербито на колото, а се очекува Азар да се најде во стартните 11, откако изминатиот натпревар влезе од клупата.