Дома Фудбал Англија Новиот напаѓач на Јунајтед прифатил и помала плата за се брзо да се заврши

Новиот напаѓач на Јунајтед прифатил и помала плата за се брзо да се заврши

Одион Игало неочекувано во последниот ден од преодниот рок стана играч на Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ го доведоа него во недостаток на напаѓачи, а Нигериецот пристигна од Кина. Игало во првото интервју во дресот на Јунајтед, призна дека се согласил да премине на „Олд Трафорд“ и за помала плата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Игало во Манчестер Јунајтед пристигна на позајмица до крајот на сезоната од кинескиот Шангај Шенуоха. Напаѓачот истана дека неговата мајка плачела кога ја слушнала веста, како и дека цела улица каде што растел го славела неговиот трансфер.

„Неколку други клубови покажаа интерес, но им кажав дека го бирам Јунајтед ако тоа е можно. Во 23 часот мојот агент ме побара и ми кажа дека Јунајтед сака да ме доведе. Тогаш барев преведувач за да отидам кај директорот. Му соопштив: Мојот агент сака да разговара со тебе. Јунајтед ме сака, мораме тоа да го средиме“.

„Агентот ми кажа дека ќе имам помала плата, но му одговорив дека тоа сега не ми е важно, сакам само да се постигне договор. Кога се беше завршено се јавив на мајка ми. Беше пресреќна, плачеше од радост. Знам дека многу играчи по доаѓањето кажуваат дека тоа бил нивниот сон. Јас навив за Јунајтед од детството. Луѓето кои ме познаваат знаат дека уште кога играв во Вотфорд го сакав Јунајтед“, изјави Игало.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…