Дома Фудбал Останато Новиот клуб на Покетино може да биде големо изненадување

Новиот клуб на Покетино може да биде големо изненадување

Aргентинскиот стратег Маурисио Покетино на крајот на минатата сезона доби отказ на клупата на ПСЖ, а сега според голем број медиуми е пред изненадувачки ангажман.

Покетино на клупата на ПСЖ седна на почетокот на  2021 година и од него се очекуваше конечно да ја донесе титулата во Лигата на шампионите, меѓутоа не успеа и доби отказ. Покетино беше само уште еден во низата тренери кои не успеаа на Париз да му го донесат најпосакуваниот трофеј откако Катарците влегоа во клубот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се поврзуваше Аргентинецот со неколку европски гиганти ова лето, се шпекулираше и враќање во Премиер лигата, но изгледа дека од тоа нема да има ништо.

Последните информации на француските медиуми се дека Покетино повторно ќе го гледаме во Франција во Лига 1 затоа што преговара со раководството на Ница. Ница сезоната не отвори како што очекуваше и се наоѓа на 13. позиција со осум бодови и само две победи.

Во овој момент клубот е предводен од Лусијен Фавре и како што стојат работите овој стратег нема долго да се задржи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тажна вест: Почина големата легенда на германскиот фудбал

Славниот германски фудбалер Бернд Холценбајн, светскиот шампион со Западна Германија во 19…