Женскиот ракометен клуб Вардар започна со подготовки за новата натреварувачка сезона. Како што е познато екипата во новата сезона ќе ја сочинуваат ракометарки, кои се родени “2002„ година и помлади. Тие ќе бидат предводени од Симе Симовски, кој претходните сезони работеше со Вардар Јуниор, потоа Драгана Ристова-Пецевска која е творец на оваа генерација, а тука ќе биде и Александар Царчев, кој ќе работи со голманите во тимот.

Екипата ја сочинуваат воглавно девојки кои минататите години беа дел од младинските екипи на клубот, некои од нив и настапуваа со вториот тим за изминатата сезона и имаа можност да работат со Симовски. Истиов тим покрај во супер лигата, ќе се натпреварува и во младинската лига. Во текот на вчерашниот ден го имаа првиот собир во С.Ц. Јане Сандански, сала каде ќе тренираат и ќе ги играат своите натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…