Манчестер Сити може да се соочи со сериозна казна откако беше утврдено дека правел финансиски малверзации со кои ги прекршил правилата на финансискиот фер-плеј.
Потврдено е дека во периодот кога Роберто Манчини го водеше тимот од 2009 до 2013 година добивал пари „на црно“. Манчини официјално добивал една плата, а остатокот од околу два милиони евра по сезона му се префрлале на ново регистрирана фирма по други основи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега новинарот на прес-конференцијата го праша Гвардиола дали тој добивал пари кои не се пријавени, а тоа го налути Пеп.
„Свесни ли сте што ме прашувате? Дали сум добивал пари од друга страна, денес?! Сметате ли дека заслужувам такво прашање? Не знам што се случувало со Роберто. О, мој Боже“, налутено одговори Пеп.
This is mad. pic.twitter.com/FClEDawVLa
— Barstool Football (@StoolFootball) February 6, 2023