Дома Фудбал Останато Новинарот од Шри Ланка е „цар“: Ги има и најчудните гласови во изборот за најдобар голман

Новинарот од Шри Ланка е „цар“: Ги има и најчудните гласови во изборот за најдобар голман

Хафиз Марикар, новинарот на „Дејли Њус“ од Шри Ланка во најмала рака има чуден критериум за избирање на најдобрите поединци во 2019 година.

Марикар на себе го привлече вниманието во гласањето за „Златната топка“, меѓутоа сега објавени се неговите гласови и кај голманите, па и таму направил чуден избор.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


За него најдобар фудбалер е Трент Александер-Арнолд. На второто место го стави Обамејанг, па Гризман, Левандовски и Тер Штеген.

Според Марикар наградата Лав Јашин која за прв пат се доделува оваа година требало да ја добие голманот на Челзи, Кепа Аризабалага. На втората позиција кај него се најде Уго Лорис, а Војчех Шчесни од Јувентус беше трет.

Избор кој дефинитивно е дискутабилен, а може да се каже и комичен затоа што во неговит гласови го нема Алисон кој со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, како и Тер Штеген од Барса и Едерсон од Сити.

Парадокаслно во неговото гласање е и што Тер Штеген го ставил во изборот за најдобар играч, а не гласал за него во изборот за најдобар голман.

Неговиот избор за наградата Копа (најдобар млад фудбалер0 не е објавен и нема да биде изненадување ако и таму има нелогични гласови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …