Саутемптон изминатата ноќ доживеа вистински дебакл на „Олд Трафорд“ каде што беше поразен од Манчестер Јунајтед со 9:0
Менаџерот на Саутемптон, Ралф Хасенхутл така втор пат изгуби со овој резултат од доаѓањето во Премиер лигата (Лестер 2019 година) и така е единствениот менаџер кој имал таква несреќа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После мечот австрискиот стратег доби прашање какво е чувството по втор пат да изгуби со 9:0.
„Неверојатно! Што мислите вие какво е!? Црвен картон против ваков противник после само три минути…Не запреа со постигнувањето голови, но јас сум разочаран поради вториот црвен картон. Не сакам да зборувам за судијата, но и минатата недела беше на наш нтпревар и остави дамка (недосуден пенал со Астон Вила). Се обидовме да направиме нешто да примиме што е можно помалку голови, меѓутоа кога имавме девет играчи лесно им беше да погодуваат“.
„Што да ви кажам? Ова е ужасно. Како и да е се подигнавме после претходниот пораз од 9:0 мораме тоа да го направиме и сега“, изјави Хасенхутл.