Следниот месец ќе биде од големо значење за иднината на Филипе Кутињо во Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.
Бразилецот го загуби местото во стартниот тим, а ситуацијата ја прават деликатна 160-те милиони евра кои клубот ги даде за неговиот потпис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кутињо е најскапото засилување во историјата на клубот, а се претвори во „луксузна резерва“, бидејќи не се вклопува најдобро во тактиката на тренерот Ернесто Валнерде.
Каталонски „Спорт“ пренесува дека се одржал состанок на „Камп Ноу“ каде покрај раководството на Барселона присуствувал и агентот на Бразилецот, Киа Јорабчијан.
Клубот не мисли за задолжителен трансфер, но доколку работите не се променат во следниот месец, тогаш Кутињо на лето сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“.
Според медиумите Барселона е спремна да го продаде Кутињо доколку пристигне понуда повисока од 100 милиони евра, а интерес за Бразилецот покажуваат Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
Утре Барселона го игра реваншот во ЛШ против Манчестер Јунајтед, а каталонските медиуми откриваат дека Кутињо нема да биде во стартниот состав и дека е се поблиску до излезната врата.