Кристиано Роналдо во финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул (3:1), немаше своја вечер и не даде голем придонес во победата, но сеедно се запиша во историјата како фудбалер кој пет пати ја освоил Лигата на шампионите.
После овој натпревар Роналдо даде изјава која ги загрижи сите навивачи на Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Беше убаво да се игра во Реал. Во следните неколку дена ќе дадам одговор на сите прашања од навивачите кои секогаш беа на моја страна. Иднината навистина не е важна. Прво морам добро да се одморам, а потоа ме чека Светското првенство. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Роналдо.
Таа изјава на Роналдо ја шокираше фудбалската јавност, но не и неговите соиграчи.
Имено, „Марка“ во своето денешно издани пишува дека Роналдо уште пред финалето во Киев ги известил соиграчите дека заминува од клубот и дека натпреварот против Ливерпул е последен за него во дресот на „кралевите“.
„Роналдо неколку недели пред финалето им соопштил на неговите соиграчи дека ќе го напушти Реал. Токму поради тоа тие не беа изненадени, но сметаа дека Португалецот не смееше да излезе со таква изјава во тој момент“, пишува „Марка“.
#MUFC #MCFC LaLiga – Real Madrid: Cristiano Ronaldo told teammates he is leaving Real Madrid weeks before Kiev final https://t.co/z7zzh7xG5u
— Manchester Derby (@ManchesterDrb) June 2, 2018