Центарот на Анадолу Ефес, Крис Синглтон доживеал срцев удар и се наоѓа во болница.
Од турскиот клуб истакнаа дека играчот се чувствува добро. Првотимецот на Ефес се пожалил на болка во градите, а по деталните прегледи било утврдено дека станува збор за срцев удар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
33-годишниот кошаркар сега се наоѓа во болница на дополнителни испитувања.
„Коронарната ангиграфија на Крис Синглтон, кој денес беше тестиран по силните болки во градите е чиста. Ќе му бидат направени детални прегледи и некое време ќе биде задржан во болница за да се утврди состојбата“, објавија турскиот клуб.
Ова е втора лоша вест во Ефес откако пред само неколку дена капитенот на тимот Брајан Данстон доживеа тешка сообраќајна несреќа од која имаше среќа да излезе со мали повреди.