Дома Фудбал Лига на шампиони Нова испишана историја: Агуеро до крајот на животот ќе го памети мечот на „Сан Паоло“

Нова испишана историја: Агуеро до крајот на животот ќе го памети мечот на „Сан Паоло“

Манчестер Сити вечерва славеше на гости кај Наполи со 4:2 и така стана првиот сигурен патник во осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.

Екипата на Пеп Гвардиола уште еднаш покажа дека се наоѓа во фантастична форма, и дека нив треба сериозно да се смета во продолжението од најелитното европско натпреварување. „Граѓаните“ со песна го напуштија стадионот, а овој меч на „Сан Паоло“ до крајот на својот живот ќе го памети, аргентинскиот интернационалец, Серхио Агуеро.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Имено, Агуеро вечерва за целото време го запиша своето име во историјата на Манчестер Сити, бидејќи стана најдобриот стрелец на клубот во неговата историја. Агуеро против Наполи го постигна својот 178. гол во дресот на „Граѓаните“ и така се проби на првото место пред легендарниот Ерик Брук кој го носеше дресот на Сити пред 80 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Изненадување од Островот: Алонсо повеќе не е кандидат за тренер на Ливерпул

Според последните информации од Островот, Ливерпул повеќе не е кандидат за доведување на Ч…