Дома Фудбал Италија Нова „главоболка“ за Алегри пред дербито со Лацио

Нова „главоболка“ за Алегри пред дербито со Лацио

Tренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри е во големи проблеми пред денешното гостување против Лацио во рамките на 27. коло од Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус и Наполи водат голема борба за титулата, а „Старата дама“ денеска ќе биде пред многу тежок испит во Рим против Лацио. За работите да станат уште полоши пред почетокот на натпреварот за Алегри се погрижија повредите. Откако што остана без напаѓачките опции како Бернандески, Квадрадо и Игуаин, изгледа дека Алегри нема да може да смета ниту на Марио Манџукиќ кој има проблеми со повредата за време на вчерашниот тренинг.

Можеби тренерот на „Старата дама“ ќе го користи Манџукиќ денеска, но наводно не сака да ризикува со оглед на тоа што Јуве во среда следната недела му гостува на Тотенхем во реванш натрпеварот од осмина финаето од Лигата на Шампионите. Како што сега стојат работите, во врвот на нападот на Јувентус денеска би требало да биде Паоло Диабала.

Потсетуваме, денешниот натпревар помеѓу споменатите ривали започнува во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Паргвај преку пенали ја елиминира Германија од Светското првенство

ФУДБАЛСКАТА селекција на Парагвај го обезбеди пласманот во осминафиналето на Светското прв…