Како што стојат работите на повидок е нова „војна“ помеѓу големите шпански ривали, Барсерлона и Реал Мадрид, меѓутоа сега во прашање се кошаркарските тимови на двата клуба.
Причината е фалсификуваниот пасош кој го поседувал Маркус Слејтер од 2015 година. Слејтер во тој период го носеше дресот на „кралевите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ако судот потврди дека Американецот имал лажни документи, Каталонците ќе побараат на Реал да му се одземат титулите во Ендеса Лигата и Копа Дел Реј освоени таа година. Во двете натпреварувања, Реал Мадрид во финалето ја победуваше Барселона.
Случајот дојде и пред судот во Мадрид, Слејтер е обвинет дека незаконски добил пасош од Екваторијална Гвинеја неколку дена пред почетокот на Купот на кралот 2015 година за да настапи како домашен играч.
Гвинеја претходно се викаше Шпанска Гвинеја, а сега има статус на шпанска провинција. Освен тоа Слејтер платил 35.000 евра на Ричард Нгуем, поранешен млад кошаркар на Реал со кого воспоставил контакт со владата.
Но, целата процедура изгледа не била добро завршена затоа што недостасувале страници во пасошот, а погрешни биле и некои негови информации.
„Ќе побараме на Реал да му бидат одземени титулите“, изјавил адвокатот на Барселона, Џорди Пина.