Дома Фудбал Италија Нова БОМБА на Апенините: Изминатото лето Бонучи, овојпат Аргентинецот?!

Нова БОМБА на Апенините: Изминатото лето Бонучи, овојпат Аргентинецот?!

Никој не се надеваше минатото лето дека Леонардо Бонучи би можел да го напушти, но тоа се случи.

Иако за него своревремено интерес покажаа Манчестер Сити и мадридски Реал, Бонучи го напушти Јувентус и се пресели во редовите на Милан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец, тогаш ја доби капитенската лента на „Сан Сиро“, но не успеа да им помогне на „Росонерите“ да дојдат до Лигата на шампионите.

Ова лето би можеле да очекуваме слично сценарио, со оглед на тоа дека Милан е заинтересиран за уште еден играч на Јувентус, кој изминативе години имаше важна улога во Торино.

Во прашање е аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин, за кој ова лето се споменува дека би можел да ја промени средината.

За неговите услуги интерес покажа Челзи, а „Коријере дело Спорт“ пренесува дека сега за „Пипито“ заинтересиран и Милан.

Јувентус е подготвен да го пушти да замине доколку некој им понуди 60 милиони, но италијанските медиуми веруваат дека Челзи и натаму е прв фаворит за неговиот потпис.

Некогашниот напаѓач на Реал и Наполи несомнено би претставувал големо засилување за „Росонерите“ на Гатузо, останува да се види дали ќе успеат да се изборат во финансиските проблеми, за да направат услови за уште еден потрес на Апенините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…