Дома Фудбал Останато Новајлиите од Англија доминираат: Само што се вратија и потрошија огромна сума на засилувања

Новајлиите од Англија доминираат: Само што се вратија и потрошија огромна сума на засилувања

Преодниот рок во Англија заврши пред два дена, а може да се каже дека го обележија клубовите кои изборија пласман во најелитното натпреварување во Англија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалската јавност е изненадена од сумата која ја потрошија Фулам, Кардиф и Вулверхемптон. Англиските медиуми направија споредба со останатите екипи од Германија, Шпанија и Италија кои изборија пласман во најсилните првенства во своите земји.

Имено, наведените клубови во Англија потрошија неверојатни 215 милиони евра. Во Серија А пласман изборија Емполи, Парма и Фросиноне и во досегашниот дел од преодниот рок заедно потрошија 25.6 милиони евра на засилува.

Во Германија место помеѓу најдобрите изборија Фортуна Дизелдорф и Нирмберг и до овој момент потрошија скромни 6.4 милиони евра. Во Шпанија во Примера оваа сезона ќе ги гледаме Хуеска, Ваљадолид и Рајо Ваљекано, а овие клубови заедно потрошија 10.6 милиони евра на засилувања.

Треба да се додаде дека во Италија преодниот рок завршува на 18 август, додека во Шпанија и Германија отворен е до крајот на овој месец, сепак според досега потрошените суми невозможно е да се доближат до Англичаните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бруно ја одби првата понуда на Ман Јунајтед за нов договор

Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот на играчот од средниот ред и капитенот на…