Дома Топ вести Новата понуда од ПСЖ за Мбапе е помала од таа на Реал

Новата понуда од ПСЖ за Мбапе е помала од таа на Реал

Пари Сент Жермен сака по секоја цена да го задржи Килијан Мбапе во Париз и испрати нова, побогата понуда до неговиот агент.

Француските медиуми откриваат дека новата понуда е со годишна плата од 36 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓутоа, таа понуда е пониска од таа на Реал Мадрид, кој му нуди 5-годишен договор и плата од 40 милиони евра.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на крајот на сезоната и во јуни може да пристигне во Мадрид како слободен агент.

Вчера мајката на Мбапе изненадувачки изјави дека преговорите со ПСЖ продолжуваат, но очигледно дека двете страни се далеку од договор.

22-годишниот Французин неодамна изјави дека ова лето го известил раководството дека сака да си оди и нема намера да го продолжи договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…