Ракометарите на Вардар остварија лесна и убедлива победа над Металург од 37-18 во денешна пресметка на лутите скопски ривали во плејофот од Суперлигата.

Иако овој меч требаше да биде дерби со оглед на историјата и трофеите на двата состави, ситуацијата на теренот беше сосема поинаква, а тоа најдобро го говори резултатот. „Црвено-црните“ го надиграа составот од Автокоманда во сите елементи и му го нанасоа еден од најубедливите порази во овие градски битки.

Четата на Раул Гонзалес уште во првиот дел дојде до огромна позитива од 18-9, позитива која дополнително ја зголеми во вторите 30 минути со што најави лесна одбрана на титулата со оглед на тоа што има пет од пет во шампионатот и ќе треба да се случи чудо за да остане без трофејот.

Чупиќ и Канелјас со 6 голови беа најпрецизни кај вардарци, додека Јагањац со 6 беше најпрецизен кај Металург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Клењоски со седум гола, Македонија без бодови на отворањето во Подгорица

Македонската селекција до 16 години загуби од Црна Гора со 20:26 на Регионалниот Челинџ ку…