Европската куќа на фудбалот денес потврди дека вовела значајни промени во европските натпреварувања, односно Лигата на шампиони и Лига Европа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Она што предизвика најголемо внимание се секако новите термини на натпреварите во ЛШ. Веќе со години ова натпреварување се игра во вторник и среда во термонот од 20:45, но сега тоа заминува во историја.
Имено, УЕФА официјално потврди дека донела одлука за промена на термините. Натпреварите и понатаму ќе се играат во вторник и среда, но во два термини.
Првите натпревари ќе се играат во 18:55 часот, додека другите натпревари на распоредот се од 21:00 часот.
Со овој потег УЕФА сака да им овозможи на љубителите на фудбалот да гледаат повеќе дирекни преноси, односно да не се играат сите натпревари во ист термин.