Се чини дека Кина наскоро ќе престане да биде ветена замја за фудбалерите.
После почетниот „бум“ и трошењето на луди суми за трансфери и плати на фудбалери, прво челниците на Кинескиот фудбалски сојуз ја „спушти рампата“ така што воведе 100% данок за трансфери над 45 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нормално, продажбата е креативност па многу клубови го заобиколуваа тоа правило со позајмици или плаќање од трета страна. Меѓутоа, дојде крајот и на тоа.
„Клубовите кои ќе бидат фатени во избегнување на данок или било какво заобиколување на истиот, ќе им бидат одземени бодови во сезоната 2018. Новите правила се воведуваат од овој зимски преоден рок, но ќе важат и за трансферите направени во 2017 година“, стои во соопштението на Сојузот.