Зинедин Зидан долго време ги одбиваше понудите на голем број европски гиганти бидејќи сака да биде селектор на француската репрезентација.
Меѓутоа, како што сега стојат работите Дешамп тешко дека ќе го напушти кормилото на Франција, особено после добрите настапи на Мундијалот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бразилските медиуми пренесуваат Фудбалската федерација на Бразил го посакува Зидан за свој селектот по заминувањето на Тите.
Бразилците на Зидан му нудат да потпише четиригодишен договор и да ја води репрезентацијата на идното Светско првенство што во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Сега останува да се види дали Зидан е спремен да ја прифати понудата и да седне на кормилото на Бразил.