Бруно Фернандеш беше примарна трансфер цел на Манчестер Јунајтед, но трансферот на Португалецот е пред пропаѓање.
Фернандеш се договори со „црвените ѓаволи“ и беше многу блиску до трансфер на „Олд Трафорд“, но Спортинг Лисабон за неговата слобода бара 80 милиони евра, сума која Јунајтед не е спремен да ја плати.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега директорот Вудворд е под голем притисок од фановите и јавноста, па мора да го активира „планот Б“ и да донесе играч за врска до крајот на преодниот рок.
Англиските медиуми тврдат дека Јунајтед сега ќе се насочи кон играчот на Интер, Матијас Весино, кој оваа сезона кај Конте не добива голема минутажа.
Интер е во преговори со Ериксен и е спремен да го продаде Весино, па се очекува наскоро да започне преговори со „црвените ѓаволи“.
Меѓутоа, навивачите сигурно нема да бидат задоволни од овој трансфер, па веќе почнаа да бараат смета на Вудворд, кој има потекотии при реализацијата на трансферите.