Дома Топ вести Ништо од уште една „бомба“ летово: Мбапе ќе чека за трансфер во Реал!

Ништо од уште една „бомба“ летово: Мбапе ќе чека за трансфер во Реал!

Парис Сен Жермен ја одби и втората понуда од Реал Мадрид за Килијан Мбапе.

Во ПСЖ како што стојат работите одлучија да ризикуваат и да го задржат Французинот и покрај тоа што на крајот од сезоната ќе може да си замине како слободен играч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Втората и последна понуда од Реал за Мбапе беше 170 милиони евра, плус десет како бонуси. ПСЖ ја одби затоа што не сака да го пушти Мбапе за помалку од 200 милиони вера.

Доказ дека работите одат во насока на останување на Мбапе е и последната изјава на Покетино после вчерашниот натпревар во кој ПСЖ победи, а токму младиот напаѓач постигна два гола.

„Мбапе е наш фудбалер. Фудбалот е полн со шпекулации. Нашиот претседател и Леонардо се јасни. Мбапе е со нас и среќен сум што го имам, тој е еден од најдобрите“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Доби повик за ЕП, а тој го испланирал годишниот одмор: Веќе резервирав сафари во Танзанија

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман вчера го објави списокот на фудбалери за Европс…