Ѕвездата на Монако Томас Лемар минатото лето беше на лекор од трансфер на Островот, па се очекуваше ова лето да се пресели во Премиер лигата.
За него силен интерес покажуваа Арсенал и Ливерпул, но последните информации говорат дека е на чекор од трансфер во Атлетико Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, фудбалерот веќе им кажал ДА на „јорганџиите“ па двата клуба моментално преговараат околу отштетата.
Атлетико нуди 60 милиони евра, додека Монако за неговата слобода бара 80 милиони евра. „Скај Спорт“ пренесува дека преовладува оптимизан и дека двете страни се блиску да го договорат трансферот за 70 милиони евра.
Лемар беше желба на Барселона, но Симеоне ја доби битката за францускиот репрезентативец кој главно игра на левата, но може да игра и на десната страна.