Дома Трансфер зона Ништо од планот на ПСЖ: Рашфорд ќе го продолжи договорот – има две опции!

Ништо од планот на ПСЖ: Рашфорд ќе го продолжи договорот – има две опции!

Маркус Рашфорд беше играч на натпреварот против Вест Хем викендов, англискиот напаѓач го постигна и својот 100-ти гол во дресот на „црвените ѓаволи“.

Голот на Рашфорд значеше и три бода за тимот на Ерик Тен Хаг. Рашфорд потекнува од академијата на Манчестер Јунајтед, а во претходниот период се поврзуваше со преселба во Пари Сен Жермен. Се пишуваше и дека веќе имало преговори, сепак последните информации се дека тој ќе потпише нов договор со клубот од „Олд Трафорд“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со продолжувањето на договорот има две опции – активирање на клазулата за автоматско продолжување на една година или потпис на нов договор со најверојатно во траење од пет години.

Има две опции кога зборуваме за продолжување на соработката. Или ќе се активира опцијата за автоматско продолжување на уште една година (актуелниот договор му истекува на крајот на сезоната), или ќе седнат и ќе договорат ново повеќегодишно продолжување.

Сегашниот договор на Рашфорд истекува за осум месеци и за два веќе би можел да преговара со заинтересираните клубови, но се чини дека Јунајтед сепак ќе обезбеди неговото останување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…