Црногорскиот пивот Младен Ракчевиќ нема да биде дел од екипата на Металург следната сезона. Тој одамна беше најавен, но како одминуваше времето, полека се ладеа и двете страни, а кога конечно дојде моментот да се финализира договорот, практично и двете страни беа на почеток на преговори, а не на нивниот крај.

Ракчевиќ дојде во Скопје и во директни разговори дојдоа до заклучок, дека е подобро да не почуваат соработка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Разговаравме со Јорданов и обострано засклучивме дека можеби е најдобро да не доаѓам. Имаа и тие свои и јас свои причини. Моите се повеќе семејни, ќерка ми почнува школо и сакам да бидам повеќе време со неа. Разговаравме отворено, фер.
Се разделивме екстра-коректно.
Понатаму ќе видам, можеби ќе почнам некој бизнис, можеби ќе одиграм уште една сезона. Имам некои понуди од Црна Гора, па ќе видиме“, изјави за г-спорт, Ракчевиќ.

Металург со ангажманот на Миличевиќ има три пивоти на располагање за следната сезона. Домашните Арсеновски и Лазаревски заедно со новодојдениот Хрват Миличевиќ, ќе формираат трио што ќе треба да ги изнесе на свој грб битките од Лигата на шампионите, СЕХА Гаспром и домашниот шампионат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…