Франк Кеси ова лето пристигна во Барселона како големо засилување, но може да го напушти „Камп Ноу“ веќе во јануари.
Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака уште во јануари да ја промени средината, а иако се шпекулираше дека може да се врати во Серија А, сепак од тоа нема ништо.
Најсилен интерес за него покажува Фулам и лондонскиот клуб веќе испратил понуда од 22 милиони евра, која Барселона е спремна да ја прифати.
Тоа за Каталонците ќе биде чист профит со оглед на фактот дека Кеси пристигна како слободен агент.