Србија славеше со 34-29 против Македонија во битката за бронзен медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Македонските ракометари имаа солиден настап, но сепак тоа не беше доволно за да се закитат со медал, иако во првото полувреме имаше водство од 8-5, но веднаш потоа почнаа грешките.




Грешките скапо ја чинеа Македонија, која на полувреме замина со негатива од два гола (13-15), а кризата продолжи и во вториот дел кога Србите избегаа на пет гола предност и со толку триумфираа на крајот.




За златниот медал на Игрите во Оран ќе се борат Шпанија и Египет од 17.30 часот.