Ракометарите на Вардар ја започнаа новата сезона во СЕХА лигата со победа во македонското дерби против Металург, кое вечерва се играше во салата „Јане Сандански“ во Скопје.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вардар славеше со 34:28, на натпревар на кој последен пат Металург имаше нерешени 20:20 во 38. минута, за потоа „црвено-црните“ полека да создаваат предност со која стигнаа до рутинска победа.
Треба да се истакне црвениот картон кој го заработи Дибиров во 43. минута по нервозниот дуел со Маџовски, а Русинот беше втор најдобар стрелец кај Вардар со 5 голови. Мораеш ги предводеше стрелците со 8 голови, додека во редовите на Металург најдобар реализатор беше Јагањац со 6 голов