Дома Ракомет Ништо и од 13-тата позиција, Русија покажа поголема желба – четврт пораз за нас на СП

Ништо и од 13-тата позиција, Русија покажа поголема желба – четврт пораз за нас на СП

Македонската репрезентација денес во натпревар без преголеми мотиви го запиша четвртиот пораз во низа.

Овој пат подобра од нас беше Русија со 30:28 во разигрувањето за место од 13-тата до 16-тата позиција.

Македонија поведе на стартот со 4:2, но потоа следуваше период на неверојатни грешки во нашиот состав, а кога грешите и играте 7 на 6 казната е неминовна. Русите во тој период напреварија серија од 6:0.

Сепак успеавме да се вратиме во натпреварот и изедначивме на 10:10 кон средината на првиот дел, но потоа следуваше нов пат па Русија на полувреме замина со 17:12.
На стартот од вторито дел Русија стигна и до најубедливи плус 6 (20:14).

Иако изгледаше како натпреварот да е решен, Никола Митревски влезе во серија на одбрани и во последните пет минути влеговме со два негатива (25:27).

Надежта кратко треше бидејќи имавме нов мал пад, па „Зборнаја“ стигна до плус четири на три минути пред крајот.

Најефикасен во нашите редови беше Кире Лазаров со осум гола, Пешевски псотигна пет, додека Георгиевски и Талески постигнаа по четири. Никола Митрески одигра добар натпревар со 15 одбрани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Три меѓународни злата го однесоа Белистојаноски до скопското признание

Матеј Белистојаноски е најдобриот спортист во изборот за наградите „13 Ноември“. Марин Док…