Дома Фудбал Англија Ниту „Топчиите“ не му застанаа на патот на Манчестер Сити: „Граѓаните“ со активна гол машинерија (Видео)

Ниту „Топчиите“ не му застанаа на патот на Манчестер Сити: „Граѓаните“ со активна гол машинерија (Видео)

Арсенал во еден од клучните дуели викендов во Премиер лигата, загуби на гости кај Манчестер Сити со 3:1.

Доминацијата на домаќините беше присутна во текот на целиот меч. По низата обиди на Сити, Де Брујне во 19. минута успеа са го отвори резултатот.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Со овој резултат се замина на полувреме, иако Арсенал имаше среќа да се напомене, па можеше да брка поголема негатива.

По само 4 минути игра во вториот дел, Монреал заработи жолт картон по прекршок направен во шеснаесетникот, по што за Сити беше досуден удар од белата точка.

Оттаму беше прецизен Агуеро за водство од 2:0 за „Граѓаните“

Венгер сфати дека треба да менува, па во 56. минута во игра влегува Лаказет. Токму Французинот во 65. минута по неколкуте одлични напади, успеа да постигне погодок за „Топчиите“.

Сепак, гостите од Лондон не беа истрајни па дозволија Сити да ја оправда фаворитската улога и да слави со конечни 3:1, благодарение на погодокот на Жезус во 74. минута од мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…