Дома Фудбал Ниту Премиер лига, ниту Бундес лига: Ќе ве изненади лигата чии натпревари Клоп најмногу сака да ги гледа

Ниту Премиер лига, ниту Бундес лига: Ќе ве изненади лигата чии натпревари Клоп најмногу сака да ги гледа

Германскиот стручњак Јирген Клоп (56) неодамна најави заминување од Ливерпул на крајот на сезоната, и во неколку наврати повтори дека наскоро нема да го гледаме повторно како тренер.

Германецот почувствува дека е дојден моментот да се оддалечи од фудбалот и да се одмори. Сакаше да биде максимално коректен, па навреме ги откри своите планови и најави заминување на крајот од сезоната, без разлика како ќе заврши.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Пред заминувањето во Англија, Клоп работеше како тренер во Бундеслигата и имаше добри резултати во Борусија Дортмунд, но интересно е што најмногу ужива во натпреварите од Чемпионшип, односно втората лига на англискиот фудбал.

„Многу ми се допаѓа првенството. Го гледам толку често. Ги гледав Лидс против Лестер минатата недела. Фудбалот се игра со луд интензитет.

Неодамна го гледав натпреварот со Вест Бром. Имаат нереален начин на играње фудбал. Очигледно и Лестер, Саутемптон играат многу добар фудбал. Втората лига е неверојатна, неверојатно тешка. Доста е импресивно тоа што се случува таму“, изјави Јирген Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…