Дома Фудбал Англија Ниту Борусија Дортмунд веќе не крие која е следната дестинација на Обамејанг

Ниту Борусија Дортмунд веќе не крие која е следната дестинација на Обамејанг

Прашањето е дали Габонецот, Пјер Емерик Обамејанг ќе презими во Дортмунд, со оглед на сите извештаи на странските медиуми, и понудата од Челзи првенствено.

Обамејанг летово беше поврзуван со многу клубови, но Борусија го задржа, но набрзо е суспендиран од страна на клубот и веќе тогаш беше јасно дека нешто не функционира на релацијата, клуб-играч, и дека Обамејанг мора да замине.

Мирор пишува дека Борусија контактирала веќе некои великани, за да го понуди Обамејанг на некои од великаните во јануари. Челзи е заинтересиран за 28-годишниот фудбалер, а токму Дортмунд чукна на вратата на „Плавите“.

Мичу Бачуаи се повреди, Алваро Мората е единствената напаѓачка опција во тимот на Антонио Конте, па пристигнувањето на Обамејанг би било логичен потег на „Стемфорд Бриџ“, но има една работа – го посакува и Пеп Гвардиола. Сепак, напаѓачот е блиску до заминување од Борусија, иако својата класа ја покажува и оваа сезона, бидејќи во 19 натпревари постигна 17 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус донесе бразилски голман на 37 години

Бразилскиот фудбалски голман Норберто Нето потпиша договор со Јувентус до крајот на актуел…