Дома Фудбал Лига на шампиони Ниту Бензема, ниту Винисиус: Анчелоти истакна кој беше најдобар против Челзи

Ниту Бензема, ниту Винисиус: Анчелоти истакна кој беше најдобар против Челзи

Реал Мадрид на реваншот во Лондон ќе патува со два гола предност откако вчера го совлада Челзи со 2:0 во Мадрид.

Реваншот ќе се игра во вторник на 18 април на „Стемфорд Бриџ“, а Карло Анчелоти порача дека неговиот тим на тој натпревар треба да игра исто како и на оваа средба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не смееме да размислуваме за два гола предност, да се браниме или слично. Целосна концентрација од првата до 90. минута, се исто како и вечерва“, изјави италијанскиот тенор.

Во тимот на Реал неколку фудбалери беа одлични, Карим Бензема постави нов голгетерски рекорд, Винисиус Жуниор во одредени моменти беше недофатлив за одбраната на „сините“, Тибо Куртоа стандардно добар на голот, Антонио Ридигер со одлична интервенција во последните моменти спречи гол на Челзи, но еден играч италијанскиот стратег посебно го издвојува.

Валверде беше веројатно најдобар на теренот. Играше со таква енергија, помагаше и во одбрана и во напад. Мислам дека Феде беше неверојатен, истакна Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Босански голман го збесна Роналдо: Португалецот не постигна гол од седум зицери

Фудбалерите на Ал-Насра го победија Ла-Калееј на гости во 29. коло од Саудиската Про лига …