Дома Фудбал Нисколигаш испрати понуда до Сити, го сака Халанд на позајмица додека трае Мундијалот

Нисколигаш испрати понуда до Сити, го сака Халанд на позајмица додека трае Мундијалот

Aнглискиот нисколигаш Ештој Јунајтед, сака да ја донесе на позајмица ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд.

Ештој Јунајтед се натпреварува во седмата англиска девизија и сака да го доведе Халанд за време на паузата за Светско првенство.

Тие дури испратиле официјална понуда до Манчестер Сити и се уште чекаат одговор.

„Има смисла да го добиеме Халанд на позајмица. Сити не игра, а ние може да му помогнеме да остане во форма. Тоа е подобро, отколку да игра голф“, порачаа од клубот.

Како што е познато Норвешка не избори пласман на Мундијалот и Халанд нема да игра во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …