Дома Фудбал Нико Ковач доби отказ

Нико Ковач доби отказ

Нико Ковач повеќе не е тренер на Волфсбург, објави германскиот бундеслигаш на својата официјална веб-страница.

На поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација му пресуди катастрофална серија, тој беше без победа од средината на декември кога го совлада Дармштад, со голот на хрватскиот репрезентативец Ловрo Мајер.

Во следните 11 натпревари забележа пет порази, но капката што ја прели чашата беше вчерашниот пораз од Аугсбург (1:2). \

Ковач го презеде Вуков во јули 2022 година и на 29 натпревари забележа осум победи, седум нерешени и 14 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбал без бариери: 130 ученици учествуваа, прирачникот останува за тренерите

Проектот „Допри го голот“ ја заокружи едногодишната работа со деца со атипичен развој. Обу…