Дома Останати Никој никогаш како Ноле: Овие зборови нема да му се допаднат на Федерер

Никој никогаш како Ноле: Овие зборови нема да му се допаднат на Федерер

Новак Ѓоковиќ оваа пролет бара враќање во некогашната форма, а ново наговестување дека е на вистинскиот пат даде и победата над Нишикори на стартот на турнирот во Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ќе видиме како сето тоа ќе изгледа во следниот дуел, со Британецот Кајл Едмунд во второто коло, а во исчекување на тој двобој, одекна изјавата на Американецот, Џон Изнер кој со одбрани зборови зборуваше за најдобриот тенисер.

„Мислам дека Ѓоковиќ ќе се врати на нивото на кое беше пред повредата. Ѓоковиќ е најдобар играч кој сум го видел и против кого сум играл, кога беше во врвна форма“, истакна Изнер, пренесува „Мундо Депортиво“.

Роџер Федерер не го спомена, но пофални зборови имаше и за Рафаел Надал.

„Никогаш не сум триумфирал против Рафа и се чини дека тоа е невозможно. Кога игра како сега, нема слабост. Леворакиот е силен и секогаш оди до крај, се бори за секој поен“, заклучи Изнер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Толку од рекордот на Ѓоковиќ: Синер е страшен, ги руши сите граници!

Јаник Синер без многу напор стигна до полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим. Зошто пробл…