Дома Трансфер зона Никој не сака да ја плати цената која Интер ја бара за Ериксен

Никој не сака да ја плати цената која Интер ја бара за Ериксен

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен е отпишан од тренерот на Интер, Антонио Конте.

Иако пристигна како големо засилување од Тотенхем, Ериксен никако не успева да се вклопи во стилот на игра кој го практикува Конте и изгледа дека веќе во јануари ќе го напушти клубот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Да, можам да ви потврдам дека Ериксен е на трансфер листата. Тој ќе замине во јануари. Не е во плановите на тренерот и кубот, тешко му оди тука. Мислам дека вистинско решение е да најде клуб каде што ќе има повеќе простор за игра“, изјави пред неколку дена Марота.

Ериксен се поврзува со неколку клубови, најмногу со ПСЖ, засега никој од заинтересираните клубови не сака да ја плати сумата од 20 милиони евра колку што Интер бара за Данецот.

Меѓутоа со ПСЖ постои можност за размена. Интер во медиумите се поврзуваше со Леанрдо Пардес. Сезонава Ериксен настапи на 12 натпревари за Интер и собра 373 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…